четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 43
home Вести

„Јунајтед Ерлајнс“ прв побара вакцинација на вработените како услов за работа

„Јунајтед Ерлајнс“ прв побара вакцинација на вработените како услов за работа
epa09177466 An American Airlines flight taxis to the runway prior to departing Ronald Reagan Washington National Airport in Arlington, Virginia, USA, 04 May 2021. With a surge in travel demand, US airlines are beginning to raise their fares. The beleaguered industry lost $34 billion US dollars in 2020. EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ ќе побара од вработените во САД да се вакцинираат против коронавирусот, објави денеска компанијата, со што стана прва во американскиот воздушен сообраќај која побарала од своите вработени да бидат имунизирани како услов за работа.

Тоа правило ќе важи за 67.000 работници кои работат во САД, пишува „Вашингтон пост“.

– Знаеме дека некои од вас нема да се согласат со оваа одлука да се бара вакцинација од сите вработени во Јунајтед Ерлајнс, изјавија извршниот директор Скот Кирби и претседателот на авиокомпанијата, Брет Харт, во писмо до вработените.

Тие додаваат дека немаат поголема одговорност кон вработените отколку да им гарантираат безбедност кога се на работа, а „фактите се кристално јасни – сите се побезбедни кога сите се вакцинирани“.

Коронавирус