сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 2
home Вести

Јулија Тимошенко е позитивна на коронавирус

Јулија Тимошенко е позитивна на коронавирус

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е позитивна на новиот коронавиурс и е во сериозна состојба, изјавила денес портпаролката на нејзината партија „Татковина“.

Тимошенко (59), која два пати била премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010 година е првата украинска висока политичарка која добила Ковид-19, пренесе „Ројтерс“.

„Нејзината состојба се оценува како сериозна, и температурата и е 39 степени“ изјавила портпаролката на нејзината партија „Татковина“, но одбила да каже дали Тимошенко е хоспитализирана.

Во Украина оваа недела се случи ненадеен пораст на бројот на инфекции, со нови 2.328 случаи пријавени во сабота.

Вкупниот број на инфекции достигна 104.958, а бројот на починати од Ковид-19 во Украина е 2.271.

Коронавирус