понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата

Јули беше најтоплиот месец откако се мери температурата на Земјата

Јули беше најтоплиот месец откако се мери просечната температура на Земјата.

Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денеска дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени.

„Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот.

Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година и повторен во 2019 година и 2020.

Статиустиката се води веќе 142 години.

Локални избори 2021