недела, 9. мај 2021. Вести денес: 132
home Вести

Јилдирим: За непријателите на Турција, Грција е „безопасен азил“

Јилдирим: За непријателите на Турција, Грција е „безопасен азил“

Турскиот премир Бинали Јилдирим денеска изјави дека е неприфатливо луѓето кои учествуваа во неуспешниот обид за воен удар да бидат заштитувани од Грција.

– Непријателите на Турција ја сметаат Грција за „безопасен азил“, а грчкото однесување кон лицата, кои Анкара ги смета за поддржувачи на обидот за пуч, им штети на билатералните односи, истакна Јилдирим.

Односите помеѓу Турција и Грција се влошени во последните месеци, пред се поради одлуката од 26 јануари на Врховниот суд во Атина, осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, по што тие поднесоа барања за азил.

Грчкиот Уставен суд вчера донесе одлука за ослободување од притвор на еден од осумтемина турски војници, кои пребегаа во Грција по неуспешниот обид за воен удар во Турција во јули 2016 година.

Офицерот сепак ќе биде под режим на строги ограничувања, се до почетокот на мај, кога Уставниот суд треба да одлучи дали ќе му биде одобрено барањето за азил.

Според грчките медиуми, турскиот војник ќе биде пуштен од притворот во Олимпиското село во близина на Атина, каде што престојува заедно со неговите колеги, но нема да има целосна слобода. Тој ќе биде сместен на тајна локација и ќе биде под надзор, а нема да му бидат дадени ни патни исправи.

Одделот за суспензии на грчкиот Уставен суд делумно го прифати барањето на грчката Влада со кое се бараше суспендирање на одлуката на Независната комисија за азил за доделување азил на турскиот војник. Со тоа, според грчките медиуми, одлуката за азил не се поништува целосно, туку само делумно, со поставувањето на ограничувања. Се претпоставува дека истата одлука во суштина индиректно ќе биде профатена и за другите седуммина војници.

По неуспешниот обид за пуч во Турција во јули 2016, осум турски војници со хеликоптер пристигнаа во грчкиот град Александрополис.

(Миа)

Коронавирус