среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Јемен: Во воздушните напади на коалицијата загинаа 52 лица

Јемен: Во воздушните напади на коалицијата загинаа 52 лица

Јеменските власти соопштија дека најмалку 52 лица загинаа во денешните воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Цел на нападот била зградата на Универзитетот во Дамар, која Хутите ја користат како притворен центар.

Бунтовниците соопштија дека при нападот повредени се околу 50 луѓе.
Коалицијата соопшти дека мета на нападот било складиште за дронови и ракети.

Во Јемен со години трае граѓанската војна помеѓу бунтовниците Хути и меѓународно признаената Влада на претседателот Абд Рабо Мансур Хади. Саудиска Арабија и нејзините сојузници од 2015 година интервенираат на страната на Хади, додека Хутите имаат поддршка од Иран.

Јемен е една од најсиромашните арапски држави, која се сочува со најголема хуманитарна криза предизвикана од војната.

Коронавирус