сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 93
home Вести

Јапонските медицински здруженија прогласија вонредна состојба

Јапонските медицински здруженија прогласија вонредна состојба

Јапонските здруженија на доктори, медицински сестри и уште седум медицински стручни здруженија прогласија денеска вонредна состојба во здравството и упатија апел до Владата да го поддржи националниот здравствен систем, кој се соочува со огромни проблеми поради пандемијата на коронавирусот.

– Ширењето на коронавирусот не престанува. Луѓето кои не се јавуваат на лекарски преглед, нема да добијат ниту соодветен медицински третман и ќе останат сами со Ковид-19, се наведува во заедничкото соопштение.

Епидемијата на коронавирус во Јапонија се распламти овој месец и предизвика страв дека медицинските установи ќе станат премногу тесни и без доволно квалификувани медицински работници за да ги примат сите заразени.

Во Јапонија досега се потврдени над 210.000 позитивни на Ковид-19 и 2.965 смртни случаи како последица на коронавирусот. (МИА)

Коронавирус