четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јапонските компании го засилија производството на замрзнувачи за вакцини

Јапонските компании го засилија производството на замрзнувачи за вакцини

Јапонски компании го интензивираат производството на замрзнувачи за складирање и испорака на вакцини против Ковид-19 за да се подготви теренот за владината програма за вакцинација, која започнува во февруари.

Владината програма за вакцинација е бавна и се соочува со логистички пречки што дополнително може да ја попречат и да го комплицираат спроведувањето на планот за вакцинирање на огромното мнозинство граѓани пред почетокот на подготовките за Олимписките игри, предупредуваат експертите и официјалните лица.

Токио треба да започне со вакцинирање на граѓаните со вакцината на „Фајзер“ на крајот на февруари, а медицинските работници ќе бидат приоритет. Поради својата зависност од странски производители, Јапонија заостанува зад повеќето големи земји кои веќе започнаа со вакцинација.

Дополнителни тешкотии се создаваат со барањето на владата вакцините да бидат тестирани од домашен регулатор.

Во меѓувреме, Токо одлучи да го интензивира производството на супер-замрзнувач за да се реши барем еден од сериозните логистички проблеми во дистрибуцијата на вакцините.

Договорот беше проверен, меѓу другите, од производителот на медицинска опрема ПХЦ „Холдинг Корпорејшн“ (PHC Holdings Corporation“, кој од јануари двојно го зголеми производството во фабрика во префектурата Гунма.

Иако владата сè уште не им доставила конкретни нарачки, ПХЦ објави дека вакцината на „Фајзер“ може да се чува во нивните замрзнувачи, која мора да се чува на температура од минус 75 степени Целзиусови.

ЕУРО 2020

Македонија