понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 39
home Вести

Јапонски новинарки се организираат против сексуално вознемирување и сексизам

Јапонски новинарки се организираат против сексуално вознемирување и сексизам

Група од 86 јапонски новинарки најави создавање на здружение кое ќе ги штити нивните права и ќе се бори против сексуалното вознемирување и сексистички јазик и однесување со кои се соочуваат при работата.

– Сите јапонски новинарки, според мене, без исклучок, биле подложени во одреден момент на некаков вид сексуално вознемирување, но молчат, за да не ги прекинат врските со своите извори, изјави на прес-конференција Јошико Хајаши, една од основачките на движењето „Мрежа на жените во медиуми – Јапонија “.

– Решени сме да ги искорениме сексуалното вознемирување и други напади на човечкото достоинство, истакна Хајаши, според која новоформираната движење е одговор на светскиот тренд бран #metoo (Јас, исто така).

Хајаши оцени дека во јапонското општество и натаму длабоко е врежан типично машкиот начин на размислување.

(Миа)