понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 18
home Вести

Јапонската Влада разгледува прогласување вонредна состојба во Токио поради Ковид-19

Јапонската Влада разгледува прогласување вонредна состојба во Токио поради Ковид-19

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга денеска изјави дека Владата ќе разгледа повик за прогласување вонредна состојба за Токио. Одлуката се очекува бидејќи случаите со коронавирус се зголемуваат и тежат врз здравствениот систем на земјата.

На 31 декември, Јапонија забележа рекордни нови 4.520 случаи од нов бран, што ги натера властите во главниот град Токио и три соседни префектури да побараат итна декларација од националната влада. Во регионот вчера беа регистрирани има повеќе од половина од случаите низ целата држава.

Премиерот Јошихиде Суга досега се спротивставуваше на тие повици, бидејќи сметаше и на потенцијална штета на економијата. Како привремена мерка, рестораните и баровите за караоке во областа Токио треба да се затворат во 20:00 часот, компаниите што нудат алкохол мораат да затворат во 19:00 часот.

– Дури и за време на три дена од новогодишниот празник, случаите не паднаа значително во поголемиот дел од Токио, рече Суга на прес-конференција.

– Сметаме дека е потребна посилна мерка.

Тој истакна дека намалувањето на работното време во рестораните помогна да се запре зголемувањето на случаите во некои региони, вклучувајќи ги Осака и Хокаидо.

Коронавирус