четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 129
home Вести

Јапонија: Вакцинирано повеќе од 50 отсто од населението, ублажување на мерките евентуално во ноември

Јапонија: Вакцинирано повеќе од 50 отсто од населението, ублажување на мерките евентуално во ноември

Јапонската влада денеска соопшти дека повеќе од 50 проценти од граѓаните се целосно вакцинирани против Ковид, и дека владата разгледува план со кој ќе ги ублажи рестриктивните мерки во ноември, доколку мнозинството од населението е имунизирано.

Кампањата за вакцинација во Јапонија започна кон средината на февруари, со задоцнување во однос на најразвиените земји во светот, поради подолго тестирање на вакцините и чекање на регулаторното тело за одобрување, пренесува „Индипендент“.

Имунизацијата на постарите пациенти, која започна во април, исто така беше забавена поради недостаток на вакцини, но темпото се забрза кон крајот на мај и оттогаш, на граѓаните им се даваат милион дози дневно. (МИА)

Коронавирус