сабота, 29. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Јапонија: Потврден прв случај на омикрон мутацијата

Јапонија: Потврден прв случај на омикрон мутацијата

Во Јапонија е потврден првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија.

Секретарот на јапонската Влада, Хироказ Матсуно изјави дека пациентот има околу 30 години. Тој на 28 ноември е тестиран на аеродром и по позитивниот резултат е изолиран и редовно прима терапија.

Кај него со вчерашната анализа е утврдено дека е заразен со Омикрон сојот, за кого Светска здравствена организација предупреди дека е високо ризичен. Омикрон сојот првпат е откриен во лабораторија во Јужна Африка.

Јапонија вчера превентивно ги затвори границите за странците со цел да се спречи ширењето на новиор сој Омикрон, кој според експертирте може да биде опасен и за вакцинираните лица.

Коронавирус