петок, 29. септември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јапонија: Над 60 починати во топлотен бран

Јапонија: Над 60 починати во топлотен бран

Најмалку 65 луѓе починаа поради високите температури во Јапонија, додека во рок од една недела 20.000 лица побарале лекарска помош.

Во Кумагаја, на 65 километри северозападно од Токио, утрово се измерени 41,1 степени Целзиусови.

Во реонот на Токио температурата на воздухот се искачи над 40 степени, а во центарот на главниот град на Јапонија попладнево се измерни 39 степени.

Во Јапонија минатата година од топлото време починаа 44 лица.

МИА