среда, 8. јули 2020. Вести денес: 100
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Јапонија ќе забрани владини набавки на опрема од кинеските „Хуавеј“ и ЗТЕ

Јапонија ќе забрани владини набавки на опрема од кинеските „Хуавеј“ и ЗТЕ

Јапонија планира да ги забрани владините набавки на уреди и опрема од кинеските компании „Хуавеј“  и „ЗТЕ Корп“, за да ја зголеми својата заштита од протекување доверливи информации и кибер напади.

Јапонскиот весник „Јомиори“, кој прв ја објави веста, пишува дека се очекува Владата в понеделник да ги разгледа домашните регулативи за јавни набавки.

Претходно, оваа година САД исто така одлучиja да воведaт забрана за набавка и користење телекомуникациска опрема од овие две компании во американските државни служби.

Американските разузнавачки агенции тврдат дека „Хуавеј“ е поврзана со кинеската Влада и дека нивните уреди може да имаат скриени можности за шпионажа. Меѓутоа, се уште нема докази за овие тврдења, кои „Хуавеј“ ги негираше.

Австралија и Нов Зеланд веќе ја блокираа изградбата на телекомуникациската мрежа 5Г од страна на „Хуавеј“ на нивните територии.

МИА

Парламентарни избори 2020