петок, 4. декември 2020. Вести денес: 129
home Вести

Јапонија ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот до 31 мај

Јапонија ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот до 31 мај

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска соопшти дека рокот на вонредната состојба поради коронавирусот во Јапонија ќе биде продолжен до 31 мај.

Според Владата во Токио, се уште е рано да се укинат мерките кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.

– Ќе го продолжам до 31 мај периодот на вонредната состојба, објавена на 7 април. Одлуката се однесува на сите префектури во земјата, изјави Абе.

Според последните податоци, во Јапонија има 14.877 заразени со Ковид-19, а починале вкупно 487 лица.

Коронавирус