вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Јапонија изрази надеж дека ќе продолжи соработката со администрацијата на Бајден

Јапонија изрази надеж дека ќе продолжи соработката со администрацијата на Бајден

Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги изрази надеж дека Јапонија ќе го продлабочи својот сојуз со новата американска администрација и ги повика САД да бидат посветени на безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и други клучни меѓународни прашања.

Говорејќи за јапонската дипломатија во Националниот прес клуб во Токио, Мотеги изрази надеж дека неговата земја ќе продолжи да соработува со администрацијата на Бајден, истакнувајќи дека Јапонија ќе мора да преземе поголема одговорност во Јапонско-американскиот безбедносен сојуз, со оглед на тоа дека Америка се повеќе е насочена кон економски прашања и надминување на поделбите во американското општество.

– Тоа значи зајакнување на јапонските воени потенцијали, а не само поголеми издвојувања за американските воени бази во Јапонија, рече шефот на јапонската дипломатија.

Коронавирус