недела, 5. декември 2021. Вести денес: 83
home Вести

Јапонија формира совет за прераспределба на богатството

Јапонија формира совет за прераспределба на богатството

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска покрена совет задолжен за формирање стратегија која ќе ја решава нееднаквоста во приходите и прераспределбата на богатството, што Кишида ја нарекува „нова форма на капитализам“.

Тоа е клучен дел од економската политика на Кишида, која ги комбинира „Абеномик“ на поранешниот премиер Шинѕо Абе со напорите за подиректно прераспределување на богатствата од компаниите кон домаќинствата.

Еден ден претходно, Кишида го распушти Парламентот, а главната тема на парламентарните избори ќе биде економското закрепнување по пандемијата.

– За да се постигне силен економски раст, не е доволно да се потпираме само на пазарната конкуренција. Тоа нема да вроди со плод за раст на општата популација, истакна Кишида на вчерашната прес-конференција, повикувајќи на посилно владино влијание врз економијата, со цел да се распредели повеќе богатство на домаќинствата.

Советот првпат ќе се состане подоцна овој месец, а првите предлози треба да пристигнат до крајот на годината, за да може да се земат предвид во расправата за даночната реформа за следната фискална година, изјави денеска јапонскиот министер за економија Даиширо Јамагива.

Претседател на советот е Кишида, а во него се и министри, како и 15 претприемачи, научници, претставници на синдикати, итн.

Коронавирус