вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 147
home Вести

Јапонија бесплатно ќе ги вакцинира своите жители против Ковид-19

Јапонија бесплатно ќе ги вакцинира своите жители против Ковид-19

Јапонија ќе обезбеди бесплатна вакцина за коронавирус за 126 милиони жители на земјата како дел од законот усвоен денес, во време кога архипелагот се соочува со зголемување на инфекциите со КОВИД-19.
Предлог-законот, кој прецизира дека владата ќе ги покрие сите трошоци за вакцината, беше одобрен од горниот дом на парламентот откако обезбеди одобрување од моќниот долен дом.
Јапонија веќе има нарачано вакцини за 60 милиони луѓе од фармацевтската компанија Фајзер и уште 25 милиони вакцини од биотехнолошката компанија Модерна. Таа исто така потврди дека ќе прими 120 милиони дози од вакцината АстраЗенека.

Одобрувањето на нацрт-законот уследи две недели откако премиерот изјави дека Јапонија е во максимална готовност откако регистрираше рекорден број нови случаи со КОВИД-19.
Јапонија досега беше релативно поштедена од епидемијата, со околу 2.170 мртви и 15.000 случаи и не воведе рестриктивни мерки како што тоа се случи во целиот свет.

Извор: Алсат-М

Коронавирус