среда, 14. април 2021. Вести денес: 148
home Вести

Јапонија бара Кина да престане да им прави анални тестови за Ковид-19 на нејзини државјани

Јапонија бара Кина да престане да им прави анални тестови за Ковид-19 на нејзини државјани

Јапонија бара од Кина да престане со аналните брисеви за тестирање на Ковид-19 на нејзините државјани кои влегуваат во земјата.

Според Јапонија, некои од нивните граѓани се пожалиле оти оваа процедура им предизвикува психолошка вознемиреност.

Инаку, Кина која го стави вирусот под контрола, а во јануари почна да зема анални брисеви за тестирање.

„Неколкумина Јапонци пријавиле во нашата амбасада во Кина дека им бил направен анален тест, што им нанесло голема психолошка болка“, изјави секретарот на шефот на кабинетот Кацунобу Като, додавајќи дека не знае на колку јапонски државјани им бил направен ваков тест.

Засега нема одговор од официјален Пекинг.

Коронавирус