недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јапонците си заминуваат од Британија, Хонда првпат во историјата затвора фабрика

Јапонците си заминуваат од Британија, Хонда првпат во историјата затвора фабрика

Јапонската компанија Хонда потврди дека до 2021 година ќе затвори фабрика во британскиот град Свиндон, по што 3.500 работници ќе останат без работа.

Јапонскиот произведувач на автомобили соопшти дека оваа одлука ја донел откако „значителни и обемни“ консултации покажале дека „не постои алтернатива која е изводлива и одржлива“, пишува „Дејли стар“.

Во соопштението се наведува дека во консултациите учествувале повеќе организации и групи, меѓу другите и претставници на британската Влада и надворешни консултанти кои ги ангажирал синдикатот Јунајт. Од Хонда додадоа дека сега ќе почнат разговори со вработените за социјална програма.

Фабриката моментално произведува 150.000 автомобили годишно, и ова е прво затворање на еден нејзин погон во 71-годишната историја на компанијата.

Европското седиште на Хонда ќе остане во Велика Британија, но одлуката за гасење на фабриката, покрај 3.500 вработени, ќе загрози уште десетици илјади нови работни места, меѓу кои и во синџирот на набавувачите, и во другите фирми кои ја опслужуваат фабриката, пишува „Дејли стар“.