петок, 4. декември 2020. Вести денес: 88
home Вести

Јаглерод диоксидот во атмосферата оваа година има најголем раст од 1958 година

Јаглерод диоксидот во атмосферата оваа година има најголем раст од 1958 година

Концентрацијата на јаглерод диоксид во атмосферата годинава ќе означи едно од најголемите годишни зголемувања од почетокот на мерењето во 1958 година, делумно како резултат на пожарите во Австралија, според студијата на британската метеоролошка служба.

Концентрациите на јаглерод диоксид се очекува да надминат 417 честици на милион (ppm) во мај, со годишен просек од околу 414 ppm, што е речиси три ppm повисоко од минатогодишниот просек.

Виновници за долгорочното зголемување на емисијата на јаглерод диоксид во атмосферата се луѓето, а гасот е главен виновник за климатските промени.

Покрај тоа, временските услови поврзани со промените во температурите на Тихиот Океан влијаат на апсорпцијата на јаглерод диоксид во копнените екосистеми.

Во годините кога тропската зона на Тихиот Океан е потопла, многу региони стануваат потопли, што ја ограничува можноста на растенијата да растат и апсорбираат јаглерод диоксид, што ослободува нови количини на штетни гасови во атмосферата.

Покрај другите временски модови и климатските промени предизвикани од човековата активност, тоа придонесе за неодамнешното топло и суво време во Австралија,и игра клучна улога во обемот на пожарите, соопшти британската метеоролошка служба.

Невообичаено долгата сезона на пожари резултираше со опожарено подрачје со големина на Германија.

Влијанието на временските модели врз екосистемите се очекува да поттикне дополнително 10 проценти зголемување на концентрациите на јаглерод диоксид оваа година, при што пожарите придонесуваат за тој пораст со една петтина, тврдат британските метеоролози.

Коронавирус