петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТA НА ДРЖАВАТА: Доживотен затвор за поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска

ЈА ЗАГРОЗИ БЕЗБЕДНОСТA НА ДРЖАВАТА: Доживотен затвор за поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска

Поранешниот премиер на Брегот на Слоновата Коска и лидер на бунтовниците, Гијом Соро, од кривичниот суд во Абиџан денеска е осуден на доживотен затвор заради „загрозување на државната безбедност“ во врска со делата извршени на крајот на 2019 година, јави ДПА.

Неколку многу блиски соработници на Соро, меѓу кои се поранешната шефица на протоколот, Солејмане Камагејт, поранешната министерка за комуникација, Афоусијата Бамба и поранешниот шеф на неговите комуникации, Туре Муса, се осудени на 20 години затвор.

Агенцијата наведува дека Судот, исто така, нареди одземање на имотите на Соро и на другите 19 осудени лица, негови блиски соработници.

Двајца браќа на Соро и неговата поранешна десна рака, поранешниот член на парламентот Ален Лобоњон, се осудени на 17 месеци затвор заради „нарушување на јавниот ред и мир“. Но, тие наскоро треба да бидат ослободени, со оглед на тоа што веќе минаа повеќе од 17 месеци зад решетки.

Соро во април 2020 година веќе беше осуден на 20 години затвор заради проневера на јавни средства во времето кога беше премиер. Оваа казна доведе до поништување на неговата претседателска кандидатура неколку месеци подоцна.

Коронавирус