понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Вести

Ја задавил својата девојка зошто не сакала да му биде жена: Ѝ ги исекол ушите и прстите, телото го скрил во кревет (ВИДЕО)

Ја задавил својата девојка зошто не сакала да му биде жена: Ѝ ги исекол ушите и прстите, телото го скрил во кревет (ВИДЕО)

Девојка (25) е убиена, па масакрирана, од страна на нејзиното момче, затоа што ја одбила неговата понуда за брак.

Убиството се случило во европскиот дел на Истанбул, а турската полиција веќе го уапсила 29-годишниот Зивал Гола од Авганистан.

Како што наведуваат локалните медиуми, соседите повикале полиција откако почувствувале лоша миризба од станот на третиот кат. Кога полицијата упаднала во станот, го пронашле искасапеното тело на Авганистанката Наија Арабзаи, на која ѝ биле отсечени ушите и прстите. Лешот бил скриен во креветот на расклопување, а обдукцијата покажала дека девојката починала од давење.

Гола во полиција признал дека ја задавил својата девојка затоа што не сакала да му биде жена, но понатамошната истрага покажала дека тој веќе бил оженет и живеел во турската метропола со сопругата.

Коронавирус