вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

Ја посвоиле, па веднаш ја напуштиле бидејќи сакала да ги убие: Тврдат дека Наталија е возрасен социопат кој се претставува како дете

Ја посвоиле, па веднаш ја напуштиле бидејќи сакала да ги убие: Тврдат дека Наталија е возрасен социопат кој се претставува како дете

Девојче со низок раст од Украина, кое едно семејството го посвоило и го оставило, бидејќи, според нивните кажувања, сакала да ги убие, тврди дека тоа не е вистина и дека не е „возрасен социопат кој се претставува како дете“.

Наталија Грејс Барнет се брани себеси во драматичното интервју во емисијата „Д-р Фил“ и тврди дека била дете додека живеела во куќата на американскиот пар кој ја посвоил.

Кристина и Мајк Барнет биле уапсени во септември поради вознемирување на дете затоа што наводно ја оставиле Наталија сама во стан и се преселиле во Канада со останатите деца, пишува британскиот Мирор.

Наталија имала 6 години кога била посвоена, а после три години била напуштена. Парот тврди дека таа всушност имала 19 години кога ја посвоиле и дека ги лажела деке е дете.

Исто така ја обвиниле дека сакала да ги убие и оти оставала заканувачки пораки со крв на огледалото.

Украинката која сега живее со друго семејство, тврди дека има 16 години.

-Ништо од тоа не е вистина, само сакав луѓето да ја слушнат и мојата страна, рекла Наталија.

Коронавирус