четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Ја нарекуваа „наследничката на Стив Џобс“, а денес ѝ се закануваат 20 години затвор

Ја нарекуваа „наследничката на Стив Џобс“, а денес ѝ се закануваат 20 години затвор

Носејќи црна ролка во стилот на Стив Џобс, со кого многумина ја споредуваа и зборуваа дека е негова наследничка, Елизабет Холмс пред медиумите и инвеститорите се прикажуваше како надежна ѕвезда на технолошката индустрија.

Нејзината компанија Theranos, како што тврдеше пред неколку години, разви револуционерен уред за вадење и анализа на крв кој беше многу едноставен (доволно беше само мал примерок на крв од прст кој можеше да се вади и во аптеки) и поевтин.

Резултатите од анализите многу побрзо беа готови во однос на моменталната метода, а како што ги уверуваше инвеститорите и јавноста, со само капка крв од прстот нивниот уред детектираше различни болести, од дијабетес до тумори.

Сето ова звучеше премногу добро за да биде вистинито и на крајот испадна дека е голема измама. Како што откри новинар на Wall Street Journal, Theranos примероците од крв ги испраќал на анализа во надворешни лаборатории, а примероците кои ги анализирал нивниот уред биле со погрешни резултати.

Но, веќе беше доцна за многуте инвеститори кои вложија милиони во компанијата, а Холмс со тие пари живееше како кралица. Приватни авиони, скапи автомобили, асистенти за приватен шопинг, престој во луксузни и скапи хотели, сето тоа беше необично дури и за извршните директори на компанијата, а таа трошеше пари кои не се нејзини.

Кога беше откриена измамата и во тек беше истрагата, ѝ се закануваше казна затвор од 20 години. Нејзините адвокати не сакаа како доказен материјал против неа да се користат податоците за нејзиниот луксузен живот.

Судењето е закажано за почетокот на март, а оваа измама остана потсетник за инвеститорите претходно добро да се информираат пред да инвестираат.

Коронавирус