сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 26
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Вести

Ја изгуби битката: Почина градоначалникот на Гдањск

Ја изгуби битката: Почина градоначалникот на Гдањск

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович почина како последица на повредите здобиени во нападот за време на синоќешниот хуманитарен концерт.

Адамович (53), кој на оваа функција е од 1998 година, беше во критична состојба по петчасовната операција. Според лекарите, тој имал сериозни повреди на срцети, дијафрагмата и други внатрешни органи.

Не можевме да го спасиме – изјави полскиот министер за здравство, Лукаш Шумовски за локалните медиуми.

Напаѓачот, кој полските медиуми го именуваат како 27 годишен Стефан В. од Гдањск има криминално досие и минатиот месец излегол од затвор. По нападот синоќа тој пред публиката рече дека поранешната политичка партија на Адамович е виновна што тој бил во затвор во 2014 година за серија насилни напади.

Адамович веќе долго време беше цел на омраза во екстремно десничарските кругови поради неговата енергична одбрана на правата на мигрантите и бегалците и на ЛГБТ заедницата.

Засега нема докази дека се работи за политички мотивиран напад.

Но многумина во Полска сметаат дека нападот е резултат на порастот на говорот на омраза.

Сопругата на Адамович била во Велика Британија за време на нападот. Полската влада испрати авион во Лондон за да ја врати во Полска.

Коронавирус