понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Извозот и увозот во Кина зголемени и покрај трговската војна со САД

Извозот и увозот во Кина зголемени и покрај трговската војна со САД

Извозот и увозот во Кина се зголемени за 15 отсто во споредба со минатата година, и покрај трговската војна со САД, објавија кинеските власти.

Минатата година Кина имаше увоз и извоз вреден четири билиони долари, се наведува во соопштение од властите. Тоа значи дека оваа година обемот на надворешната трговија е околу шест билиони долари.

Од јули Кина води трговска војна со САД, кои го обвинуваат Пекинг за нечесни трговски договори. Вашингтон воведе царини за кинески стоки за 250 милијарди долари, а Кина возврати со царини за американски увоз за 110 милијарди долари.

МИА