сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Извлечени 21 тело од рудник во Кина

Извлечени 21 тело од рудник во Кина

Спасувачките екипи денеска извлекле 21 тело на рудари кои загинаа во уривањето на рудникот во провинцијата Шандонг, источна Кина, кое се случи пред повеќе од една недела.

Кинеските медиуми јавија дека последното тело било извлечено вчера попладне.

Во моментот на несреќата на 20 октомври, во рудникот работеле повеќе од 300 луѓе.

Повеќето рудари беа извлечени, но 22 останаа заробени во урнаитините, а еден од нив беше извлечен следниот ден.

Причината за уривањето се уште не е позната. (МИА)