понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 36
home Вести

Изречена првата пресуда за Џулијан Асанж- еве колкава затворска казна доби тој

Изречена првата пресуда за Џулијан Асанж- еве колкава затворска казна доби тој

Судот во Лондон денеска му изрече казна затвор во траење од 50 недели на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, поради непочитување на условите за кауција. Проглеасен е за виновен заради неговиот потег од пред седум години, кога спротивно на некои законски одредби се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон за да избегне екстрадиција во Шведска.

Властите во Шведска по него имаат распишано потерница заради обвинение за силување, а САД го обвинуваат за учество во една од најголемите шпионски афери.

Асанж уживаше азил во еквадорската амбасада во Лондон од 2012 година, но Еквадор минатиот месец му го укина по што беше приведен од полицијата на 11 април.

Мислењата на јавноста за Асанж се поделени. За некои е херој кој открива злоупотреби на моќта, додека за други е опасен бунтовник кој ја загрозил американската безбедност.