вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Вести

Израелските војници ранија 14 Палестинци кои се обиделе да ја пробијат опсадата на Газа

Израелските војници ранија 14 Палестинци кои се обиделе да ја пробијат опсадата на Газа
epa06409147 Palestinian stone throwers clash with Israeli soldiers following the Friday prayer in the West Bank city of Ramallah, 29 December 2017. Clashes erupted as ongoing protests were held against US President Trump's 06 December announcement he is recognizing Jerusalem as the Israel capital and will relocate the US embassy from Tel Aviv to Jerusalem. EPA-EFE/ATEF SAFADI

Израелски војници отворија оган кон група палестинци кои се обидувале да ја пробијат опсадата на Газа и притоа се ранети 14 лица.

Ова е 20-ти пат Палестинците да се обидат по морски пат да ја пробијат опсадата на Газа, која израелската страна ја наметна пред 12 години, објави Фена.

Во соопштението од палестинското Министерство за здравство се наведува дека израелските војници во еден момент отвориле оган кон Палестинците, употребувајќи боева минуција.

Шест од седум гранични премини во Појасот Газа, каде живеат речиси два милиони Палестинци, се наоѓаат под контрола на Израел, а еден е под контрола на Египет.