вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Израелските сили гаѓаа позиции на сириската армија крај Дамаск

Израелските сили гаѓаа позиции на сириската армија крај Дамаск

Израел синоќа гаѓаше позиции на Армијата на Сирија во близина на Дамаск, но сириската противвоздушна одбрана пресретна и уништи две ракети, јавија сириските државни медиуми.

Според истите извори, нападот бил извршен во село во околината на Кисвех, јужно од Дамаск, каде се наоѓаат неколку сириски воени база.

Извори во сириската Армија соопштија дека цел на нападите биле армиски позиции, но дека при тоа загинале двајца цивили – маж и неговата сопруга.

Нападот се случил околу еден час по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од Договорот за иранската нуклеарна програма, при што го нарече Иран „главен извозник на тероризам во регионот“ на Блискиот Исток.

Иран е главен сојузник на сирискиот претседател Башар ел Асад во регионот.

МИА

Коронавирус