недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Израел веќе вакцинирал повеќе од 10 отсто од своето население

Израел веќе вакцинирал повеќе од 10 отсто од своето население

Израел против корона вирусот вакцинирал повеќе од 1 милион луѓе, повеќе од 1/10-тина од своето население, што претставува најголема стапка на вакцинирање во светот.

Според податоците на глобалниот тракер сајт Нашиот свет во податоци (Our world in data), поврзан со универзитетот Оксфорд, еврејската држава во просек вакцинирала 11,55 од 100 свои граѓани, по што следуваат Бахреин со 3,49 и Обединетото Кралство со 1,47.

Колку за споредба, Франција до 30-ти Декември вакцинирала вкупно 138 луѓе.

Израел започна со имунизација на своите граѓани на 19-ти Декември и дневно вакцинира околу 150 000 луѓе. Приоритет имаат луѓето над 60 годишна возраст, здравствените работници, и луѓето во критично загрозените групи.

“Голема возбуда. Џабарин е милионитиот граѓанин кој е вакциниран во државата Израел. Ги кршиме сите рекорди. Донесовме милиони вакцини во Израел, водиме пред целиот свет” – изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Владата на Нетанјаху ги изврши и сите неопходни подготовки за безбедно пренесување на вакцината на Фајзер и Бионтек до најизолираните провинции во државата.

Во сооединетите држави, вакцинацијата на милиони американци се одвива многу побавно од најавите и очекувањата.

Исцрпените и недоволно финансиски поддржани одделенија за јавно здравсто во државите , мака мачат да ги реализираат амбициозните планови за вакцинирање . Различни општини и болници се одлучија за различни пристапи, што доведе до долги линии на граѓани кои чекаат за вакцинирање, збрка и фрустрација кај граѓаните.

Главниот американски експерт за заразни болести, др Ентони Фаучи, оцени дека федералната влада мора да им даде поголема помош на локалните власти , во секоја од 50-те држави.

“Знаете, наместо да влеземе и ја преземеме работата, мислам дека можеби би било подобро да им дадеме повеќе ресурси и да работиме во тандем со нив. Со други зборови, јас не велам: “ ние ја преземаме и ќе ја вршиме вашата работа”, туку дека ќе ви помогнеме да ја завршите својата работа, особено на тој начин што ќе ви дадеме многу повеќе ресурси” – вели Фаучи.

Во првите 3 дена од своја кампања за вакцинација, која започна на 27-ми Декември, во Франција беа вакцинирани помалку од 100 луѓе. За споредба, Германија вакцинираше повеќе од 130 илјади луѓе до крајот на декември.

Дел од проблемот во Франција потекнува и од широко распространетиот скептицизам за вакцините.

Во истражувањето спроведено во 15 држави, убедливо најмал процент на луѓе изразиле подготвеност да се вакцинираат токму во Франција , само 40 отсто.

Тоа е двојно помалку од Кина, каде 80 % од луѓето се спремни за имунизација, или Обединетото Кралство каде тој процент е 77.

Коронавирус