петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

Израел размислува за копнена офанзива на Појасот Газа

Израел размислува за копнена офанзива на Појасот Газа

Израелскиот министер за одбрана, Бени Ганц нареди десет резервни единици на погранична патрола да бидат ангажирани за помош на полицијата во спречување на судири во арапско-еврејските градови низ земјата.

Во соопштението од кабинетот на Ганц се наведува дека тој нема да дозволи војниците на израелските Одбранбени сили да ги извршуваат полициските обврски во градовите, но на полицијата ќе и биде пружена логистичка помош, пишува „Тајмс оф Израел“. Министерот истакна дека во земјата е вонредна состојба и големи засилувања ќе бидат итно испратени да воведат закон и ред.

Генералштабот на израелската армија денеска ќе разгледа одобрување на евентуална копнена офанзива на Појасот Газа, најави портпаролот на војската Хидај Зиберман. Плановите за офанзива, во кои се вклучени дивизиите Газа и Јужна команда, би можеле потоа да бидат проследени на разгледување до израелското политичко раководство.

Речиси 100.000 Палестинци се собраа утрово во џамијата Ал-Акса во Источен Ерусалим за да извршат молитва за Рамазан бајрам. Многумина носеле палестински знамиња, а некои и транспаренти на кои се повикува на мир и победа во судирите.

Израел истрела ракети кон градот Газа, а движењето Хамас рано изутринава одговори со гранатирање на Тел Авив и Ерусалим.

Вкупниот број на загинати од понеделникот, кога ескалираше ситуацијата, достигна 67 лица во Појасот Газа, меѓу кои има и 16 деца, и седум жртви во Израел.

ЕУРО 2020

Македонија