недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

Израел распоредува антиракетни системи низ својата територија

Израел распоредува антиракетни системи низ својата територија

Израелската армија соопошти дека распоредила системи за противракетна одбрана „Железна купола“ во јужните и централните делови на Израел, како резултат на „ескалацијата на тензиите во Сирија и во Појасот Газа“.

Најавата за распоредување на системите „Железна купола“ во јужен Израел и во реоните околу Тел Авив, доаѓа по ескалацијата на насилствата и зголемените вербални закани од Сирија, како и ден пред очекуваните нови протести на Палестинците на израелската граница кон Појасот Газа.

Израелската армија информира и дека синоќа непознати напаѓачи отвориле оган врз израелски војници на границата со Сирија. Во соопштението се посочува дека војниците визвратиле на нападот, како и дека при инцидентот нема загуби на израелска страна.

Сириски претставник во ОН во вторникот се закани дека Амријата на Сирија би можела да го нападне израелскиот аеродром „Бен Гурион“, доколку Израел на запре со воздушните напади врз цел на сириска територија. Заканата беше упатена само еден ден по последниот израеслки напад врз позиции во Сирија.

Исто така во вторникот, од територијата на Појасот Газа беа извршени два напади врз припадници на Вооружените сили на Израел, при што полесно беше повреден еден израелски војни. Како одговор на нападот, израелските сили уништија две набљудувачки позиции на движењето Хамас, при што загина еден негов припадник, а двајца беа повредени. Во текот на ноќта меѓу вторникот и средата, израелски авиони бомбардираа неколку позиции на Хамас во северниот дел на Појасот Газа.

Дополнително, Израел го блокира трансферот на 15 милиони долари помош од Катар за Појасот Газа, што би можело да предизвика дополнителни тензии и ескалациија на насилството меѓу Израел и Хамас.