недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Израел пријави четири случаи со новиот вид на коронавирусот

Израел пријави четири случаи со новиот вид на коронавирусот

Израел денеска пријави четири позитивни случаи на новиот вид на ковид-19, кој се појави во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок, денеска изјави дека во Велика Бритнија се откриени два случаи на уште еден, нов вид на коронавирусот и дека се работи за контакти со лица кои во претходните недели допатувале од Јужна Африка.

Тој на конференцијата за новинари рече дека ваквиот развој на состојбата со вирусот е многу загрижувачки, затоа што новиот вид е многу полесно пренослив и се чини дека може и понатаму дополнително да мутира.

Извор: Слободенпечат.мк

Коронавирус