понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Израел предупреди дека е можен напад врз владините сили во Сирија

Израел предупреди дека е можен напад врз владините сили во Сирија

Израелскиот министер за безбедност Голад Ердан ги предупреди Сирија и Русија дека Израел би можел да ги нападне владините сили во Сирија.

Тој додаде дека нападот би можел да се случи ако Сирија и Русија се обидат да постават свои единици во демилитаризираната погранична зона на Голанската Висорамнина.

– Мораме да провериме дали Русите и Владата на Асад немаат вооружено присуство во подрачјата кои се демилитаризирани, посочи Ердан.

Тој на прашањето дали Израел е подготвен да спроведе превентивни мерки против сириската армија одговори потврдно.

Сириската армија минатиот месец покрена голема офанзива во јужната покраина Дера, а се очекува следната фаза на офанзивата да биде спроведена во покраината која е под контрола на бунтовниците, Кетира, која е во близина на спорната Голанска Висорамнина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин минатата недела двапати повика на почитување на израелско-сириското примирје од 1974 година, со кое е забрането ставионирање на воена техника и персонал на сириската и на израелската страна од Голанска Висорамнина.

МИА

Коронавирус