среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 36
home Вести

Израел планира да ги заостри мерките за заштита од коронавирусот

Израел планира да ги заостри мерките за заштита од коронавирусот

Поради големиот пораст на бројот заразени со коронавирус, израелските власти ги заострија рестриктивните мерки против епидемијата, од кои некои ќе важат само за време на викендите.

Овој викенд продавниците, трговските центри, базените, музеите и зоолошките градини ќе бидат затворени.  До 24 јули би можело да се воведе и забрана за напуштање на домот за време на викенд, доколку таа мерка добие поддршка во Парламентот.

Секој ден во неделата собирањата ќе бидат ограничени на 10 лица во затворен простор и 20 лица на отворено.

Во рестораните, храната ќе се продава исклучиво на принципот „за носење“. Треба да се донесе и одлука за можно затворање на летните училишта и градинките.

Израел во мај дозволи повторно отворање на училиштата и на многу фирми, кога бројот на заразени беше опаднат.

Поради делумниот карантин во март, стапката на невработеност во земјата се искачи на 21 процент.

Според новата анкета спроведена од независен институт, само 29,5 проценти од јавноста во Израел има доверба во начинот на кој владата ја управува сегашната криза.

Израел, со население од девет милиони, има регистрирано повеќе од 44.000 случаи на заразени со коронавирус, а починати се 377 лица. (МИА) 

Коронавирус