вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Израел планира да биде меѓу првите земји во светот што ќе ги вакцинира речиси сите граѓани

Израел планира да биде меѓу првите земји во светот што ќе ги вакцинира речиси сите граѓани

Израел има намера да стане една од првите земји во светот што ќе го вакцинира мнозинството од населението против коронавирусот, пишува лондонски „Гардијан“.

Вакцинацијата во Израел почна минатата недела, а се планира поголемиот дел од популацијата со зголемен ризик да биде вакцинирана до крајот на јануари.

Доколку дозите на вакцината на „Фајзер“ се достават на време, поголемиот дел од популацијата, освен деца под 16 години, ќе се вакцинираат во текот на март следната година.

Околу 99.000 граѓани ја примија првата доза на вакцината во неделата, а 495.000 лица беа вакцинирани до понеделникот навечер.

Израелските медиуми јавуваат дека планот на Владата е да вакцинира дневно по најмалку 150.000 луѓе.

Коронавирус