четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Израел ја зајакнува северната граница поради закани од Хезболах

Израел ја зајакнува северната граница поради закани од Хезболах

Израелската војска соопшти денеска дека ја зајакнува северната граница со пешадиски единици „согласно проценките за ситуацијата“.

Соопштението следува откако либанското екстремистичко движење Хезболах се закани дека ќе се одмазди за нападот извршен на почетокот од неделава, во кој беше убиен еден припадник на движењето во близина на Меѓународниот аеродром Дамаск во Сирија.

Хезболах и претходно се заканувал дека ќе се одмаздува за своите борци кои Израел ги убива во Сирија.

Израел засега нема коментар во врска со извршениот напад пред неколку дена и обично не дискутира за своите активности во Сирија, но се претпоставува дека има извршено стотици напади врз проирански сили за време на сириската граѓанска војна која трае речиси една деценија. Техеран во последните години има испратено илјадници борци кои се приклучиле на сириските владини сили. (МИА)

Коронавирус