сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Израел го возвраќа ударот: Доколку Иран не нападне, ветуваме смртоносна одмазда

Израел го возвраќа ударот: Доколку Иран не нападне, ветуваме смртоносна одмазда

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети смртоносна одмазда доколку Иран го нападне Израел како дел од одмаздата за американското убивање на командантот Касим Сулејмани во Багдад минатата недела.

„Ние цврсто стоиме против оние што сакаат да нè убијат. Стоиме решително и силно. Кој ќе се обиде да нè нападне, ќе претрпи најразорен удар“, изјави денеска израелскиот лидер на конференција во Ерусалим.

Нетанјаху тврдеше дека Сулејмани е лично одговорен за смртта на „безброј невини луѓе“, за дестабилизирање на „многу“ земји и за ширење „страв и беда и болка“.

Тој тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде пофален затоа што го наредил нападот со беспилотно летало во кој загина командантот на единицата Кудс, обвинувајќи го убиениот „главен терорист“ дека планирал „акти на терор низ целиот свет“.

Израелскиот премиер истакна дека неговата земја стои целосно зад Соединетите Држави во конфликтот со Техеран.

Високи ирански воени команданти денеска навестија дека и Тел Авив може да биде нападнат како дел од одмаздата на Техеран.

Иран рано утрово нападна неколку американски воени објекти во Ирак, опишувајќи ги нападите како легитимни мерки спроведени заради самоодбрана.

 

Коронавирус