среда, 2. декември 2020. Вести денес: 170
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Израел го протера директорот на „Хјумен рајтс воч“

Израел го протера директорот на „Хјумен рајтс воч“

Израелските власти денеска го протераа Омар Шакир, директор на организацијата „Хјумен рајтс воч“ (ХРВ), надлежен за еврејската држава и палестинските територии.

Тој е првиот човек протеран од израелската територија како дел од контроверзните мерки против бојкотот на Израел.

Од 2017 година, израелските власти забранија влез на нивната територија на странци обвинети за поддршка на движењето БДС (бојкот, прекинување на инвестициите и санкции) против Израел.

Израелското Министерство за стратешки работи изјави дека Шакир е првиот што бил протеран врз основа на забраната. Израел одби да ја обнови визата за Шакир кон крајот на 2018 година, обвинувајќи го за поддршка на движењето за бојкот, што тој негираше.

По низата жалби на почетокот на ноември, израелскиот Врховен суд даде зелено светло за депортација.

– Не се сеќавам дека која било демократија го блокирала пристапот на истражувач на „Хјумeн рајтс воч“. Ова покажува дека ограничувачкиот карактер на израелската демократија се зголемува – рече директорот на ХРВ, Кевин Рот.

Коронавирус