недела, 28. мај 2023. Вести денес: 65
home Вести

Израел ги казнува сопствениците на автобуси кои превезуваат палестински демонстранти

Израел ги казнува сопствениците на автобуси кои превезуваат палестински демонстранти

Израел соопшти дека ги казнува сопствениците на автобуси во Појасот Газа кои превезувале активисти на Хамас на границата со Израел за да протестираат.

Израелскиот генерал мајор Јоав Мордехај кој раководи со военото тело Когат задолжено за палестински цивилни работи, напиша на Фејсбук дека 14 компании го игнорирале предупредувањето и превезувале насилни демонстранти.

Мордехај најави дека и нивните семејства нема да добијат дополнителни привилегии и оти нивните врски со Израел ќе бидат прекинати, но не откри други детали.

Движењето Хамас, кое владее со Појасот Газа, повика на шестнеделни протести долж границата против израелската и египетската блокада, како и правота на враќање палестински бегалци на сегашна израелска територија.

Протестите се одржуваат секој петок од 30 март, а ќе траат до 15 мај, Денот на независноста на Израел.