недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Израел ги евакуираше сириските Бели шлемови во Јордан

Израел ги евакуираше сириските Бели шлемови во Јордан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги евакуираа припадниците на сириската цивилна одбрана, познати како Бели шлемови од воената зона во јужна Сирија и ги стационира во Јордан.

Израелската армија соопшти дека дејствувала на барање на САД и на европските држави.

Израелските медиуми објавија дека преку Голанска Висорамнина, која е под окупација на Израел, во Јордан се евакуирани околу 800 луѓе.

Бели шлемови во 2016 година беа номинирани за Новелова награда за мир, тие дејствуваа на подрачјето на југозападна Сирија, каде останаа заробени по офанзивата на владините сили.

(Миа)

Коронавирус