сабота, 10. април 2021. Вести денес: 72
home Вести

Израел: Дозволено е да се откриваат имиња на луѓе кои не биле вакцинирани

Израел: Дозволено е да се откриваат имиња на луѓе кои не биле вакцинирани

Израелскиот парламент го одобри Министерството за здравство да ги открие имињата на луѓето кои не биле вакцинирани против коронавирусот на другите власти во земјата, што предизвика критики за нарушување на приватноста на граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат.

Законот, донесен со 30 гласа „за“ и 13 „против“, им дозволува на локалните власти, генералниот директор на Министерството за образование и на некои вработени во Министерството за социјални работи да ги дознаат имињата на овие лица, нивните адреси и телефонски броеви.

Одредбата, која ќе биде на сила три месеци или додека не заврши пандемијата, има за цел да им овозможи на властите да ги охрабрат луѓето да се вакцинираат обраќајќи им се лично, посочува Парламентот.

Две дози Фајзер вакцина веќе се примени во Израел од над три милиони луѓе или третина од околу девет милиони луѓе.

Таму веќе отворени се сите трговски центри и улични продавници за сите граѓани. Сепак, некои места се отворени само за оние кои примиле втора доза на вакцина или се опоравиле од COVID-19 и имаат сертификат за тоа.

Владата посочува дека целта е да се вакцинираат 6,2 милиони луѓе до април. Повеќе од 760.000 случаи на КОВИД-19, вклучително и повеќе од 5.600 смртни случаи, се регистрирани во земјата од почетокот на пандемијата.

Коронавирус