недела, 12. јули 2020. Вести денес: 123
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Вести

Измислените претпоставки околу 5Г создаваат вистински проблем

Измислените претпоставки околу 5Г создаваат вистински проблем

Нешто пред два часот по полноќ, в недела, минатиот месец, полицијата во британскиот град Дерби беше повикана на место каде што е поставена 5Г-кула. Велика Британија беше во карантин со цел да се бори против пандемијата, па и криминалците седеа дома. Но, некој ја запалил новопоставената телекомуникациска кула. Низ Велика Британија и низ други европски држави, 5Г кулите се цел на бизарен криминален бран, пишува „Форин полиси“.

Сторителите се луѓе кои добиваа дезинформации преку Јутуб, Тик-ток, Фејсбук и Твитер, од страна на други корисници нои и на славн личности, и кои беа убедени дека технологијата 5Г предизвикува коронавирус и други опасности. Нападите ги наведуваат градските власти да се запрашаат дали воопшто да постават 5Г антени. Дезинформациите веќе не претставуваат само непријатност, туку и реален проблем. 5Г пироманите делуваат поради дезинформациите кои се доволно уверливи за да поттикнат повеќе луѓе низ Европа да ги напаѓаат кулите и работниците кои ги поставуваат.

Според Европската асоцијација на оператори на телекомуникациски мрежи (ЕТНО) и според Глобалната асоцијација на мобилни оператори (ГСМА) биле подметнати 87 пожари во Обединетото Кралство, 30 пожари во Холандија, три пожари во Република Ирска и два во Шведска, додека слични инциденти имало и во Франција, Германија, Белгија, Италија и во Кипар, покажуаат податоците за перидот од јануари до јуни годинава.

Теориите на заговор за 5Г главно промовираат дека технологијата го ослабува имунолошкиот систем што доведува до ризик од коронавирусот, како и дека вирусот се шири преку 5Г сигналот, или пак дека пандемијата служи за да се прикријат ефектите од изложеноста на 5Г. Ниедна од овие теории не е вистинита, но тоа не ги спречи славните личности, меѓу кои е и американскиот актер Вуди Харелсон, да ги шират.

Лесно е да се отфрлат дезинформациите како непријатност, наместо како закана за националната безбедност. Движењето против вакцинацијата, кое исто така е поттикнато од дезинформациите ширени од страна на славните личности и социјалните медиуми, имаше удел во избивањето на заразата на морбили во САД минатата година, а се стравува и дека антиваксерите би можеле да предизвикаат ново избивање на коронавирусот ако се убедат себеси и другите дека евентуалната вакцина против ковид-19 е штетна. Но, ефектот од антикампањата за 5Г е поинаков. Штетата е видлива веднаш.

Парламентарни избори 2020