сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Измамничка без срце: Лажела дека има рак, граѓаните донирале, а таа со парите си направила луксузна свадба

Измамничка без срце: Лажела дека има рак, граѓаните донирале, а таа со парите си направила луксузна свадба

Британката Карла Луис Еванс успеала да ги излаже хуманите луѓе со приказна преку социјалните мрежи дека има рак за да собере 15.000 фунти.

29-годишната Британка од Манчестер се досетила како да дојде до пари за венчавка за која од секогаш сонувала.

За да изгледа дијагнозата поуверлива, таа го фалсификувала потписот на докторот Адам Картер на документот со кој наводно се потврдува дека е во краен стадиум на тешка форма на рак.

Сепак, хуманитарната организација преку која одела акцијата за собирање пари, ја открила измамата и ја пријавиле Карла во полиција.

Инаку Британката има две деца, а сега и се заканува затворска казна од шест месеци до три години.