вторник, 30. ноември 2021. Вести денес: 118
home Вести

Изгаснат пожарот на воениот брод во Сан Диего

Изгаснат пожарот на воениот брод во Сан Диего

По четири дена, конечно изгаснат е пожарот на американскиот воен брод „Боном Ричард“ во Сан Диего, што всушност е еден од најлошите инциденти во последните години, соопшти денеска морнарицата.

Менаџерот на бродот, адмиралот Филип Собек рече дека последните 24 часа на бродот биле „неверојатни“ и истакна дека во некои делови температурата поради пожарот била до 1.200 степени Фаренхајт.

Поради пожарот, бродот е надвиснат на едната страна, а под тежината на водата фрлена на него, сепак, Собек вели дека е стабилен и одржлив, но дека ќе биде потребно време да се процени штетата.

Како што пренесуваат странските агенции, иако пламенот беше изгаснат, топлината остана, а морнарите мораа да извршат увид во секој дел од просторот на бродот за да не се појави пожарот повторно на некои места.

Бродот е во пристаништето веќе две години, каде се извршуваше негова реконструкција вредна 250 милиони долари, кога избувна пожарот. Истрагата треба да утврди како настанал пожарот.

Како што се наведува, околу 160 морнари беа безбедно евакуирани од бродот, а повредени се повеќе од 60 морнари и цивили кои работеле на него. Тие претрпеле мали изгореници и вдишале чад. (MИА)

Коронавирус