петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Издрогиран Хрват возел автобус полн со патници

Издрогиран Хрват возел автобус полн со патници

Германската полиција соопштила дека при проверка на патници во автобус со хрватски регистерски таблички открила дека возачот е под дејство на дрога, јавува Феникс Магазин, пренесува хрватски Индех.

Граничната полиција го запрела автобусот на бензинска пумпа. Со брз тест за дрога било утврдено дека возачот бил позитивен на кокаин и амфетамин.

При претресот била пронајдена и вреќичка со бела прашина. Истрагата утврдила дека станува збор за мешавина на кокаин, амфетамин и метамфетамин. Пронајдената дрога е запленета. Хрватот ќе одговара за кршење на законот за наркотици.

Полицијата не навела детали за идентитетот на возачот на автобусот, ниту за која агенција возел.