петок, 4. декември 2020. Вести денес: 87
home Вести

Издадени првите возачки дозволи за жени во Саудиска Арабија

Издадени првите возачки дозволи за жени во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија денеска ги издаде првите возачки дозволи за 10 жени, во време кога во таа земја која е единствена во светото по тоа што не им дозволува на жените да возат, течат подготовките таа забрана да се укине на 24 јуни.

Сепак, „АП“ оценува дека тоа е изненадувачки потег, бидејќи следува во време кога четири саудиски активистки за женските права, кои ја воделе кампањата на жените да им се дозволи да возат, се наоѓаат во затвор.

Десетте споменати жени полагале краток возачки испит, пред да ги добијат дозволите, бидејќи веќе поседувале возачките дозволи од други земји, меѓу кои британска, либанска и канадска дозвола.

Коронавирус