петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 189
home Вести

Избран наследникот на Меркел, ова е новиот претседател на ЦДУ

Избран наследникот на Меркел, ова е новиот претседател на ЦДУ

Актуелниот премиер на германската провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет е избран за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Лешет е избран за наследник на германската канцеларка Ангела Меркел, која 16 години беше на чело на ЦДУ.

Собранието на ЦДУ што требаше да се одржи во декември, беше одложено поради епидемиолошката состојба во земјата. Денешното Собрание се одржува во дигитална форма.

Претенденти за лидерското место беа поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген и шефот на парламентарната група на ЦДУ во Бундестагот, Фридрих Мерц.

Коронавирус