среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 30
home Вести

Изборната програма на Џонсон без закана за Брегзит без договор

Изборната програма на Џонсон без закана за Брегзит без договор

Британскиот премиер Борис Џонсон се откажа во изборната програма на својата Конзервативна партија да има закана дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ без договор, пренесува „Тајмс“.

Весникот наведува дека во фокусот на предизборната програма на партијата ќе биде работата за поддршка на неговиот договор за Брегзит.

Џонсон претходно најави дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ со или без договор на 31 октомври, но беше принуден од Парламентот да побара продолжување на рокот за Брегзит до крајот на јануари.

Предвремените избори во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.